Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“

102

Во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.

– Со овие активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација – информират од Град Скопје.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи  новоформираното претпријатије „Лајка“ кое има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.