Почна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово

82

Општина Бутел информира дека почна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово. Се работи за дел од патот што води крај бензиската пумпа, во должина од 230 метри и ширина од седум метри.

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски денеска бил на терен и извршил увид во градежните зафати на улицата.

На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата со што ќе се подобри сообраќајот и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово.