Почна поставувањето два пешачки мостови во Штип

15

Два нови пешачки мостови почнаа да се поставуваат во Штип. Едниот е кај ООУ„Ванчо Прќе“, а вториот кај пешачката патека во Ново Село.

Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов пешачките мостови се поставуваат за поголема безбедност на учениците, како и за граѓаните кои секојдневно рекреираат на патеката покрај реката Брегалница.

– Целта на едниот е да го олесни преминот од училиштето до спротивната страна, откако на мостот веќе не е само во еден правец, туку и во двете насоки, а на другиот пешаците и рекреативците да преминат на другата страна, покрај кејот на река Брегалница, кај Ново Село. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 1.762.720 денари – вели Јорданов.

Тој најави дека небезбедниот дел на регионалниот пат во клисурата кај Ново Село ќе се реши со поставување на пешачка конзола во должина од 200 метри, со што пешаците ќе можат да се движат кон градските гробишта или кон бањата Кежовица.