Почна масовната имунизација против Ковид-19 во Тетово

41

Масовното имунизирање на населението во тетовско денеска почна во спортската сала на медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

-Започнавме со работа од 10:30, затоа што од тогаш имаше први термини за вакцинација. Досега до 12:30 имаме над 50 луѓе вакцинирано, што според термините значи дека голем број од закажаните не дошле да се вакцинираат. Да беа сите ќе имаше над 200 вакцинирани. Имавме и машко лице на возраст од 101 година кое прими вакцина, изјави Дрита Зибери, главна сестра во Здравствениот дом во Тетово.

Околу 12:30 часот при нашата посета на местото за масовно вакцинирање забележителна беше добрата оргнизација на овој процес.  Училиштето и спортската сала имаат голем паркинг кој овоможува повеќе луѓе да дојдат со возила. Обележани се пристапот до пред салата каде има и обезбедување од полиција и војска кои се грижат за редот. Студентите од Медицинскиот факултет пред салата прегледуваат дали се во ред документите на луѓето по што ги праќаат внатре за преглед и вакцинирање.

-Само денес имаме околу 1300 термини со старосна граница на луѓе над 80 години. До крај на неделата односно до петок има околу 5000 термини, рече Дрита Зибери.

Во текот на април на вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Тетово беа вакцинирани околу 1.600 лица.