Почина Јанис Бутарис, поранешен градоначалник на Солун со македонско потекло

85

Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја објави трагичната вест за смртта на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Путарис.

„Вечерва загубив добар пријател, голем човек, космополит, визионер.
Со луѓе како Јани Бутарис, Балканот ми бил толку помирно место за живеење …
Почивај во мир пријателе !!!“, напиша тој на фејсбук.

Бутарис беше со потекло од Крушево, а неговото семејство живее во Битола.
Прв пат како градоначалник на Солун дојде во официјална посета на Македонија во 2013 година, а во интервју за сега веќе згаснатиот весник „Вест“, рече дека е горд на своите Влашки корени од Крушево.

Бутарис рече дека неговите врски со Македонија се сентиментални, не само поради потеклото на мајка му и неговиот дедо по татко кои потекнуваат од Крушево, туку и поради многубројните пријатели.

„Врските со семејството во Крушево со време се изгубени, но јас трипати бев да ги посетам. Ја видов и куќата на мојот дедо. Бев многу горд. Тоа се моите корени“, рече тогаш тој.