Почина убиецот на апартхејдот во Јужна Африка, кој за најмалку 32 убиства одлежа само 12 години

228

Почина 72 годишниот Луис Ван Шур, познат како убиецот на апартхејдот во Јужна Африка. Toj бил во болница со инфекција на ногата, а неговата ќерка потврдила дека починал „поради компликации од сепса“

Тој  почина помалку од една недела откако Би-Би-Си ги објави резултатите од истрагата за неговото минато.

Истражувањето откри страшни нови детали за серијата убиства што ги извршил во доцните 1980-ти за време на последните години од владеењето на белото малцинство, пишува Индекс.хр.

Во време кога расистичкиот систем на апартхејд наметна строга хиерархија која ги привилегираше белите Јужноафриканци, Ван Шур работеше како приватен чувар во крајбрежниот град Источен Лондон. Помеѓу 1986 и 1989 година, тој уби најмалку 39 луѓе. Сите негови жртви биле црнци, а најмладата имала само 12 години.

Во 1991 година, тој беше уапсен и прогласен за виновен за седум точки од обвинението за убиство, но беше пуштен на условна слобода откако одлежа само 12 години затвор.

Најмалку 32 од неговите убиства се уште се класифицирани од полицијата како „оправдани убиства“. За време на неговиот живот, Ван Шур тврдеше дека сите негови жртви биле криминалци кои ги фатил „на дело“.

Во едно интервју за Би-Би-Си тој инсистира на тоа дека не е сериски убиец, а семејствата на неговите жртви се надеваат дека истрагата повторно е се отвори, иако тој не е жив.