Почина сопругот на фолк дивата Лепа Лукиќ

85

Популарната фолк пејачка, легендарната Лепа Лукиќ е завиена во црно. Завчера и починал мажот, кој инаку и е трет по ред. Лепа пред тоа била мажена за Владо Перовиќ и Тома Лукиќ, но ниту со еден не се оствари како мајка. Па, ниту со третиот Милан Милановиќ кој почина преку Големата бара во далечната Канада. Тој таму и живеел, па кога Лепа ја доби веста, веднаш замина на погребот на сопругот. Инаку популарната пејачка во Србија никогаш не се појавувала заедно со Милан иако со него беше во брак дури 19 години. За тоа еднаш Лепа и раскажа дека Милан не сака медиуми, сликање, новинари, камери. Па, и се пошегувала, онака како таа што знае, на сопствена сметка: “А, зошто морам да го влечкам со мене како да е приколка?”
Д.М.