Почина режисерот Франко Зефирели

217

Познатиот италијански филмски и оперски режисер Франко Зефирели почина денеска во Фиренца на 96-годишна возраст.

Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобра режија.

Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт.

Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.

Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата, почина утрово. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави, објави на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела.