Почина Пол Ди’Ано, поранешен фронтмен на „Ајрон мејден“ и „Килерс“

5

Пол Ди’Ано, поранешниот фронтмен на англискиот хеви метал бенд „Ајрон мејдн“ (Iron Maiden) почина на 66 години. Веста ја потврди неговата продуцентска куќа во име на неговото семејство, пишува „Варајети“.

Ди’ Ано беше главниот вокалист на првите два албума на бендот од 1978 до 1981 и пееше на култниот истоимен албум на бендот и на следниот „Killers“. Него го замени Брус Дикинсон, кој остана главен вокалист на бендот до денес.

Во годините што следеа Ди’ Ано беше фронтмен на „Бателзоун“ (Battlezone) и „Килерс“ (Killers) и објави неколку соло албуми. Причините за смртта не се познати, но тој се бореше со болести во последните неколку години. И покрај тоа Ди’Ано успеа да одржи повеќе од 100 концерти од 2023 година.