Почина македонскиот писател Методија Фотев

79

По кусо боледување, денес (11 февруари) почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев, информираа од Друштвото на писатели на Македонија.

Фотев, роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско, беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: “Потомците на Кат“ (1966), “Селани и војници“ (1969), “Големите скитачи“(1970), “Неплодна вода“ (1978), “Вивариум“(2010), како и поетската збирка “Поезија не за одмор“ (2002).

Добитник е на наградите: “11 Октомври“, “13 Ноември“, “Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.