Почина лекарот кој предупреди на новиот коронавирус

132

Лекарот од Вухан Ли Венлианг, кој се обиде да ги предупреди своите колеги за појавата на коронавирус, почина во болница, во кинескиот град од каде изби епидемијата.

„Гардијан” јави дека офтамологот д-р Ли Венлианг починал денеска од последици од вирусот.

Ли беше приведен во полиција кога се обидел да ги предупреди останатите на вирусот, уште во декември минатата година. На 30 декември, тој испратил групна порака на лекари со предупредување за вирусот, а само неколку дена подоцна бил повикан во Бирото за јавна безбедност да потпише писмо, во кое тој е обвинет за давање лажни информации.

Ли беше еден од осумте лица кој беше на распит во полиција поради ширење гласини.