Еден од најдобрите пилоти во Формула 1, Ники Лауда, почина на 70 години.

  • Со голема тага објавуваме дека нашиот Ники почина на 20 мај 2019 година, кусо објави семејството на Лауда.

Лауда беше светски шампион во најбрзиот циркус на денешницата во 1975, 1977 и во 1984 година. Минатото лето му беше извршена трансплантација на белите дробови поради што неколку месеци мина во болница. Хируршкиот зафат за кратко му го продолжи животот, но синоќа Лауда ја загуби најважната битка.