Почина легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо

304

На 59-годишна возраст почина легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо.

Беше објавено дека Мутомбо починал по битка со тумор на мозокот.

Големиот центар доминираше во НБА кон крајот на минатиот век и почетокот на овој век.

Четири пати беше бранител на годината, осум пати Ол-стар, три пати беше член на првиот тим на лигата, втор е на сите времиња по вкупен број блокови, а трет по блокови по натпревар.

„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најдобрите блокатори и дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од паркетот, тој даде се од себе за да им помага на другите“, напиша комесарот на НБА, Адам Силвер во своето проштално писмо.

Кошаркарот роден во Конго кариерата ја започна во Денвер, а подоцна играше за Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон…