Дебарско кичевскиот Митрополит Тимотеј, починал денеска во болница.
Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.
Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница. Тој беше митрополит на Дебарско-кичевската епархија и синодски портпарол.
Роден е во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.
За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.