Роберт Форстер, актерот номиниран за Оскар за улогата на Макс Чери од филмот на Тарантино „Џеки Браун”, почина на 78-годишна возраст.
Форстер почина вчера, во неговиот дом во Лос Анџелес, по кратка борба со карцином на мозокот.
Американскиот актер глумеше во повеќе од 110 филмови и во десетици телевизиски серии, вклучувајќи Твин Пикс, Херои, Чиста хемија (Брејкин Бед).