Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба, уверува директорот на Детската клиника, Мемеди

31

Директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди, денеска во изјава за новинарите рече дека нивните специјалисти и специјалистите на Инфективната клиника потврдиле дека седуммесечното бебе кое почина пред неколку дена е во добра здравствена состојба.

-Ќе има стручен надзор. Според нашите сознанија и тој ден имало преглед од нашите специјалисти и специјалисти од Клиниката за инфективни болести и констатирано е дека во моментот детето е во добра општа состојба релативно и сите параметри и лабораториски анализи покажале дека нема потреба од истност, после третиот ден се случуваат компликации и кога веќе е донесено и хоспитализирано на нашата клиника, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

Случајот од понеделник ќе го испитува и стручна комисија формирана од министерот за здравство, по првичните тврдења од установата дека детето било суспектно на некој синдром кој зафаќал повеќе органи и имал прогресивен тек. Таткото пак изјави дека бебето не било хоспитализирано навреме и цела недела оделе по доктори.