EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Џанмарко Поцеко е новиот тренер на Асвел. Ова е прв ангажман за италијанскиот стручњак во Евролигата.

Тој претходно ги водеше Орландина, Варезе, Фортитудо од Болоња, Динамо Сасари, а работеше и како асистент во Цедевита и во Олимпија Милано.

И покрај ангажманот во Асвел, Поцеко ќе остане селектор на италијанската репрезентација.

Асвел во првите четири кола во Евролигата забележа исто толку порази, а Поцеко ќе дебитира на клупата на мечот против Виртус, на домашен терен, в петок.