На еден месец пред стартот на грејната сезона 2021-2022, компанијата “Балкан енерџи груп“ со апел до потрошувачите, управителите и заедниците на сопственици кои се приклучени на системот на централно греење, да ја проверат исправноста на грејните инсталации во објектите. Оттаму велат дека во текот на септември потрошувачите треба да ги извршат неопходните проверки и поправки на внатрешната грејна инсталација.
– Заедниците на сопственици и Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) – информираат од БЕГ.
Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
За сите неопходни информации, потрошувачите може да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ Снабдување на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100.