Потребни ќе бидат години да се реконструираат уништените енергетски објекти во Украина

38

Враќањето на енергетските капацитети во Украина во претходната состојба ќе трае со години, изјави извршниот директор на украинската компанија „ДТЕК Енерго“, Илдар Салев.

Тој ги процени загубите на „ДТЕК Енерго“ на милијарди гривни (една гривна = 0,026 евра), нагласувајќи дека се изгубени десетици трансформатори.

Според украинските власти, уништена е 50 отсто од енергетската инфраструктура на земјата.

Претходно, премиерот на Украина, Денис Шмигал изјави дека рестрикциите за електрична енергија ќе останат во сила во текот на зимата, откако беа оштетени многу термо и хидроцентрали, како и бројни високонапонски мрежни објекти