Новороденче утрово исчезнало од породилиштето во клиниката Фаворитен во Виена додека мајката била надвор од собата. Жената веднаш кренала узбуна, по што на терен излегла полиција. Подрачјето на болницата е затворено, во него повеќе не може никој да влегува, пишува Локал.ат, пренесува Индекс.хр.
„Никој не влегува ниту излегува“, потврдила портпаролката на полицијата за „Денес“.
Се претресува секој автомобил, дури и ранците на велосипедистите. Таксистите мора да застанат и да го отворат багажникот пред полицијата.
Полицијата ги пребарува и корпите за отпадоци. Се верува дека исчезнатото бебе се уште е некаде во болницата.
Семејството наводно е во фокусот на истрагата. Сепак, потрагата е проширена на целиот град.