Потпретсадателот на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на Ковид-19. Зекири ова го објави на фејсбук.

Вели дека ги почитувал сите препораки, но дека по тестирањето испаднале позитивни на вирусот.

„Немам симптоми. Се извинувам на сите со кои сум бил во контакт во последните денови и сум ги довел во неизвесна ситуација, напиша Зекири.