Потоп во Мумбај: Обилни дождови ги поплавија улиците и пругите, училиштата и факултетите беа затворени, авиосообраќајот во прекин

73
Фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Поплави во Мумбај, затворени училишта

Обилните дождови денеска ги поплавија улиците и железничките пруги во Мумбај, исто така беше прекинат и авиосообраќајот, а затворени се училиштата и факултетите.

Надојдените реки во другите делови на земјата им се закануваат на повеќе од два милиони луѓе, пренесува Ројтерс.

Во Мумбај, град со 12 милиони жители утрово наврнаа над 300 милиметри дожд на метар квадратен.

Според новата прогноза, во тој град се очекуваат обилни дождови и плима од 4,4 метри, а како мерка на претпазливост е наредено затворање на училиштата и факултетите.

Во текот на утрото граѓаните ги оставаа поплавените автомобили покрај патиштата, а откажани се и многу поаѓања на возови.

Исто така, поради обилните врнежи од дожд и слабата видливост затворена е и пистата на аеродромот. Околу 300 летови се одложени, а 36 се откажани.