Постојано плачев, ја продадов куќата по смртта на сопругот – пејачката Снежана Ѓуришиќ раскажа за својата судбина 

510

„Слушај, Снешка, многу плачеш во куќата. Доста е веќе, мораш да заминеш од куќата“. Тоа и го направив, ја продадов!   

Естрадната ѕвезда Снежана Ѓуришиќ  (од шоуто „Ѕвездите на Гранд“) беше во брак со Слободан Гвозденовиќ. Тие ја продадоа „куќата од кал на Дедиње“ откако „паднаа“ во долгови поради неа. Првиот сопруг на Снежана сега е починат, а таа е во нова, среќна врска со познатиот гинеколог Вања Милошевиќ. Како и да е, Снежа тажно се сети на тие денови.

–  Се омажив и влегов во куќата на свекор ми и свекрва ми, со двајцата девери и мојот сопруг. Сите ние живеевме таму. Потоа го средивме нашиот простор. Реновиравме за да имаме свој клуч. Но, не ми одговараше да седам со свекрва ми иако се изолиравме. Сакавме да имаме свое љубовно гнездо.

Мојот прв сопруг беше многу способен. За таа куќа на белградско Дедиње, најде плац и го зеде. Чинеше 30 милиони динари. Потоа настана хаос во однос на плаќањето на ратите. Се задолживме за да можеме да ја купиме куќата – изјави пејачката, која истакна дека смртта на нејзиниот сакан маж била голем емотивен шок за неа, од кој не можела да заздрави долги години. Постојано плачеше. По смртта на сопругот, пресече и ја продаде куќата на Дедиње.

– Ја продадов таа куќа кога доживеа син ми Марко сообраќајна несреќа, па си реков: „Слушај, Снешка, многу плачеш во куќата. Доста е веќе, мораш да заминеш од куќата!“ Тоа и го направив. Во неа без маж ми, немав веќе желба да живеам.

Откако живее во новата куќа на сосема другиот крај од Белград, Снежана не е расположена да им ја покаже на новинарите нејзината убавина. Таа ги откри причините:

– Не знам за какви цели се користат сликањето,  прикажувањето на куќата во весниците, што е тоа што се случува во бањата, ходникот, кујната, дневната соба, трпезаријата… Дали треба да гледаат луѓето што имам јас, а немаат тие, па потоа завидливо да коментираат и вака и онака. Не, не е добро тоа – вели популарната Снежа.   Д.М.