Во Кара и Баренцовото море, на крајниот север на Европа, лежат илјадници тони нуклеарен отпад со моќност од дури шест и пол атомски бомби фрлени врз Хирошима. Таму, на ладните подводни гробишта, скапуваат стари руски (советски) нуклеарни подморници кои полека испуштаат радијација, пишува The Sun.
И тоа бавно ослободено зрачење може да ја загади подморската флора и фауна, како и нафтените полиња кои се таму, правејќи го регионот нуклеарна темпирана бомба.
„Тоа е ужасно, страшно наследство на Советскиот Сојуз оставено на дното на океанот“, вели поранешниот фински министер за надворешна трговија и европски прашања Јари Вилен.
Имено, на морското дно се расфрлани 17.000 различни објекти, меѓу кои 18 нуклеарни реактори и потонати нуклеарни подморници. Само радиоактивниот отпад од една од тие подморници, Комсомолац, е милион пати поголем од дозволената граница на радијација. Дел од овој нуклеарен отпад се наоѓа на длабочина од само триесетина метри, што ја приближува радијацијата до луѓето. Старите нуклеарни реактори се полни со ураниум и експертите велат дека на крајот ќе почнат да ослободуваат големи количества радиоактивен материјал. Многумина се загрижени дека нуклеарните шипки на некои подморници би можеле да експлодираат под вода, што ќе доведе до настан сличен на Хирошима.
„Не можеме да дозволиме овие реактори да седат таму. Знаеме дека порано или подоцна ќе протекуваат радионуклиди“, вели Томас Нилсен, уредник на порталот „Барентс Обсервер“.
Русија ја напушти руско-норвешката комисија за нуклеарна безбедност, оставајќи ги другите земји во темнина за судбината на радиоактивниот отпад во нивните мориња. А, покрај подводните нуклеарни гробишта, Русија има и таен „нуклеарен град“, познат како „земјени гробишта“ со загадено „езеро на смртта“.
Озерск е град со околу 82.000 жители и секако најотруеното место на светот, а Владимир Путин веројатно би сакал да не знаете дека овој град, отсечен од светот, воопшто постои. Тоа е родното место на нуклеарната програма на Советскиот Сојуз. На тамошните жители им требаат посебни дозволи за да го напуштат градот, на странците не им е дозволен влез, а границите на градот се опколени со бодликава жица и моторни пили со предупредување „забранет влез“. Т.н. езерото на смртта кај Озерск е место порадиоактивно дури и од Чернобил.