Постои само еден гениј фудбалскиот свет

68

Трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело, моментално е незапослен откако му заврши авантурата во редовите на кинескиот суперлигаш Џиангсу Сунинг. Во последните неколку интервјуа кои ги даде за шпанските медиуми, Капело разговараше на неколку теми, а откри и што точно мисли за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Легендарниот тренер на Милан беше меѓу првите фудбалски стручњаци кои го приметија талентот на аргентинскиот интернационалец, а по пријателскиот дуел помеѓу Јувентус и Барселона, Капело се обиде да ги осигура услугите на Меси.

  • После само 25 минути, дојдов до Франк Рајкард и го прашав дали може да ми го позајми Меси. Знаев дека има бирократски проблеми околу неговата регистрација и мислев дека ќе нема право да игра за Барселона. Франк ми кажа дека за три месеци се ќе биде во ред и дека Лео ќе игра за Барселона. Лео Меси не е фудбалер, тој е генијалец и единствен генијалец во фудбалскиот свет. Не освои многу трофеи со Аргентина затоа што не може се сам, изјави Капело.