Синдикатите и работодавачите во јавниот сектор во Германија постигнаа согласност за нов колективен договор, по четвртиот круг преговори во Потсдам.
Околу 2,5 милиони вработени во секторот јавни служби поради високата инфлација ќе добијат 3.000 евра со исплата од јуни.
Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра.
Договорот во голема мерка ја следеше препораката на арбитражата објавена пред една недела. Договорот е на 24 месеци.
Во изминатите месеци, германските синдикати го парализираа јавниот транспорт, градинките, болниците и собирањето ѓубре со штрајкови низ целата земја поради спорот околу платите.