Откако познатиот македонски фолк-пејач Влатко Алексовски тотално го смени имиџот, па традиционално настапи на “Ловечка вечер“, тој се упати, секако поканет, да пее во популарната фолк ТВ-емисија “Мерак меана“. А, таму изненадување! Изненадувањето му го приреди исто така многу познатата фолк-пејачка Ленче Кукиќ од Струмица со која Влатко се нема видено, па сигурни некои си “100 години“, како што народски се вели. Но и кога да се видат…. кога Ленче е раздвижена на сите страни по неверојатниот успех во балканското шоу “Никад није касно“, а Влатко постојано ангажиран на забавите по ресторани и кафеани во Македонија. Ова беше една од ретките можности да се сретнат, да си разменат муабет, да се сликаат, но и да запеат некоја своја мераклиска, за душа, но и за мерак на ТВ-гледачите (секоја сабота и недела). Д.М.