Последно затемнување до 2021 – Светот во очекување на „црвена Супер-месечина“

588

Жителите на Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, в недела ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината. Tаа ќе биде релативно поблиску до Земјата при што ќе ја гледаме поголема, посветла, но и поцрвена. Феноменот е наречен „црвена Супер-месечина“.
Затемнувањето се случува кога Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат наредени во иста линија. Процесот ќе започне во недела навечер или во понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен. Сенката на Земјата целосно ќе ја прекрие Месечината во тек на 62 минути.
– Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.
Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен.
Феноменот ќе може да се види во Северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија. Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед. Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.