Последна расправа за преспанскиот договор во грчкиот Парламент,гласањето во 14,30 часот

63

 

Во грчкиот Парламент почна третата и последна расправа на пленарната седница за ратификација на Договорот од Преспа.

Според вчерашната одлука на претседателите на Парламентот, гласањето планирано е да се одржи во 14.30 часот по локално време, меѓутоа можно е да задоцни, со оглед на тоа дека на денешната седница збор ќе земат 96 пратеници, а за процесот да оди побргу, времето за обраќање на пратениците е намалено од шест на пет минути, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно со денешната расправа, точно напладне повторно ќе се одржи протест против Договорот од Преспа.