Цел свет се проштава од Пеле, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња. Тој почина на 83-годишна возраст и остави толку многу зад себе што засекогаш ќе се нарекува Кралот на Бразил, како и низ целиот свет.

Трикратниот светски шампион последните денови ги помина во болница, со поддршка од своите најблиски. Неговата ќерка Кели Насименто се прости на социјалните мрежи со фотографија на која се гледа раката на Пеле и рацете на најблиските.

  • Сè што сме е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир, напиша Кели.

Пеле имаше три брака од кои ги доби децата Кели (55), Едињо (51), Џенифер (43) и близнаците Џошуа и Селест (25). Ја имаше и Сандра, која почина во 2006 година од рак, а во 1968 година имаше уште една вонбрачна ќерка Флавија (53).

На профилот на Пеле на Инстаграм, членовите на семејството објавија и проштална порака: „Инспирацијата и љубовта го одбележаа патот на кралот Пеле, кој мирно почина. Работеше низ целиот свет и го ширеше она во што тој најмногу веруваше дека е лек за сите проблеми – љубовта. Неговата порака ќе остане во наследство за идните генерации. Љубов, љубов и љубов, засекогаш.“