Ураганот Хелена коси во САД: Девет лица загинаа, 4 милиони останаа без струја, oткажани над 800 летови

67

Бројот на жртвите на ураганот Хелена што ги погоди САД денеска се искачи на девет, додека повеќе од четири милиони луѓе останаа без струја поради невремето.

Во Шарлот, Северна Каролина, едно лице загина, а друго е повредено кога дрво паднало врз дом, соопшти Агенцијата за вонредни состојби во Мекленбург, пренесе ABC News.

Две лица загинаа во округот Лоренс во централна Џорџија, соопштија локалните власти.

Откажани над 800 летови

Најголем број летови откажаа меѓународниот аеродром Шарлот Даглас во Северна Каролина, меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон Атланта и меѓународниот аеродром Тампа во Флорида.