Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.
Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос. Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари.
Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.