Поскапуваат бензините и дизелот

45

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 77,00 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 денари.

Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 денари. За 0,499 денари поскашува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,827 денари.