Посебен режим на сообраќај во Скопје

106

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е спортскиот центар „Борис Трајковски.

Натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од булеварот „Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“ и обратно.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.