Португалија заработи 10,5 мил. евра

137

Фудбалската федерација на Португалија ќе добие 10,5 милиони евра награда од УЕФА за триумфот на националниот тим во првото издание од Лигата на нации. Како што објави прес-службата на УЕФА, финалистот на турнирот, репрезентацијата на Холандија ќе добие девет милиони евра.

Третопласираната Англија заработи осум, додека на Швајцарија која го освои 4.место ќе и бидат префрлени седум милиони евра. Во овие суми влегуваат и 4,5 милиони кои им беа гарантирани на учесниците на завршниот турнир во Португалија, како победници во четирите групи од А-дивизијата.