Портпаролот на рускиот гасен гигант „Газпром“, Сергеј Купријанов денеска изјави дека истекле 800 милиони кубни метри природен гас откако експлозии погодиле два гасоводи под Северното Море.
Купријанов на седницата на Обединетите нации преку видео врска рече дека количината на ослободениот гас е еднаква на количината за тримесечното снабдување на Данска.
Податоците за наглото опаѓање на притисокот и истекувањето на гас значат дека со сигурност може да се каже дека гасоводот е физички оштетен, посочи тој и додаде дека иако гасоводот во моментот на несреќата не превезувал гас, двата гасоводи беа подготвени за работа, пренесе ТАС С.
Тој рече дека единствено што може да се каже со сигурност е дека е многу тешко во техничка смисла да се поправат гасоводи.