Еден од најдобрите кошаркари на денешницата има чуден фетиш – опседнат е со женски стапала.

Љубителите на кошарката кои долго време можеа да ги следат неговите импресивни игри во НБА дознаа за тоа минатата година, кога кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари и неговата сопруга Ајеша гостуваа во една емисија на Јутјуб и открија кој дел од нејзиното тело најмногу му се допаѓа. Сега темата е повторно актуелна бидејќи љубителите на кошарката на Твитер открија објава на поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни Миа Калифа, во која се зборува и за љубовта на Стеф кон стапалата.

Миа Калифа уште во 2017 година напиша „Ако Стеф Кари е толку заљубен во стапала, зошто патиките му се толку грди?“, но тоа не привлече големо внимание во тоа време. Речиси седум години подоцна, Миа е во центарот на вниманието бидејќи многумина се шокирани што знаела за фетишот на познатиот спортист години пред тој јавно да го открие во присуство на сопругата?!

Навистина, Ајеша Кари еднаш, пред неколку години, зборуваше за тоа како не разменува провокативни фотографии со сопругот, туку тој само сака да гледа во нејзините нозе.

  • Мојот сопруг навистина ги сака моите стапала. Еден ден му испратив слика од моите стапала и оттогаш тој постојано ги добива – тоа му го испраќам кога бара провокативни фотографии, изјавила во една емисија сопругата на американскиот кошаркар.

Тој дел од приказната веројатно им бил непознат на љубителите на кошарката кои сега се сеќаваат на твитот на познатата актерка од филмови за возрасни. Сепак, точно е дека таа зборувала за тоа пред Стеф Кари да открие што му се допаѓа, па многумина веруваат дека Миа Калифа и кошаркарот имале близок однос во тоа време.