Поранешни директори на францускиот „Телеком“ осудени за малтретирање вработени

82

Поранешни менаџери на францускиот комуникациски гигант „France Télécom“ се прогласени виновни за малтретирање вработени во жалбената постапка од процесот покренат по серијата самоубиства во компанијата пред околу 13 години.

Апелацискиот суд во Париз денеска ги осуди поранешниот извршен директор Дидие Ломбард, како и поранешниот заменик-извршен директор Луј-Пјер Венес на едногодишна условна затворска казна и глоба од 15 илјади евра, објави телевизијата „Франс Инфо“.

Ова е првпат да се изречат пресуди на раководни лица на голема компанија во Франција за извршено дело малтретирање на работно место.

Случајот ја шокираше јавноста во Франција откако неколкумина вработени во компанијата извршија самоубиство, поради неподносливи притисоци од управата на компанијата и одговорните раководни лица. Една од жртвите во прошталното писмо напиша дека компанијата „е управувана од терор“.

Во 2013 година компанијата беше преименувана во „Orange SA“. За време на приватизацијата на фирмата во рок од три години беа отпуштени 22 илјади вработени. Одговорни лица во управата на компанијата вршеле принудни трансфери на вработени на други работни места и притисоци само за да се ослободат од вработените кои тешко се отпуштале