Поранешниот фудбалер сексуално ја малтретирал родената ќерка

208

Страшна вест доаѓа од Шпанија, а истата експресно беше пренесена и од холандските медиуми! Поранешниот фудбалер на Ајакс и Севилја, Тарик Улида (49), е осуден на две и пол години затвор поради сексуално вознемирување на својата ќерка која во моментот на нападот имала само шест години!

Според медиумите, злосторството се случило во 2011 година во Шпанија, каде по неговата играчка кариера живеело семејството на Тарик Улида. Наводно, Тарик ја допирал ќерка си по интимните делови од телото, а поради недолично однесување добил затворска казна од две и пол години, потоа забрана за приближување на помалку од 500 метри, забрана за одење на местата што ги посетува жртвата и било каква форма на комуникација! Одлуката за казната ја донел судот во Марбела, а холандските медиуми пренесуваат дека затворската казна би можела да биде променета со депортација од Шпанија и десетгодишна забрана за влез во земјата.

Како и да е, пресудата е правосилна и поранешниот фудбалер нема право на жалба. Останува да се види точно како ќе бидат спроведени последователните постапки на шпанското правосудство, штом Тарик Улида биде изведен пред лицето на правдата. Некои извори тврдат дека тој моментално е во бегство, а други посочуваат дека го признал делото за да добие помала казна од судот.

Тарик Улида е роден во Амстердам, но има мароканско потекло. И двајцата негови родители се од Мароко, но тој самиот имал многу мал контакт со земјата од која неговите родители емигрирале во Европа. Својата фудбалска кариера ја изгради во Холандија, Шпанија, Јапонија, Франција пред да ги закачи копачките во 2004 година. Најпознат е од времето кога играше за Ајакс и Севиља.