Украинската тенисерка Елена Свитолина моментално се наоѓа во Харков, недалеку од границата на Украина и Русија. Родена во Одеса, таа ги направи своите први тениски чекори во тој град, кој беше погоден од војна во последните неколку години.

На Инстаграм таа објави фотографии во воена опрема со долг опис.

„Харков има посебно место во моето срце. Градот кој ми даде чувство на вистински дом кога ја започнав мојата професионална кариера овде, на 12-годишна возраст. Градот кој продолжува да дава топлина и заштита за време на големата војна. Ако ме прашувате каде наоѓам мотивација да се борам на спортските боишта, ова е мојата земја, мојот народ, мојот Харков и нашите херои“, напиша Свитолина во описот на објавата.

Свитолина моментално е 23. тенисерка во светот, додека нејзиниот најдобар пласман е третото место на ВТА листата. Во текот на кариерата освоила 17 турнири, а три пати стигнала до полуфинале на грен-слемовите.