Пораз на полската владеjачка коалиција во парламентот: Не успеа да ја протурка либерализацијата на абортусот

97

Полскиот премиер Доналд Туск и неговата владејачка коалиција претрпеа пораз во парламентот кога се обидоа да го променат строгиот закон против абортусот донесен од претходната, многу конзервативна влада.

Тенко мнозинство од 218 гласа „за“ „против“ и 215 гласа „за“ и двајца воздржани, одлучија да се задржи законот како што беше, односно да не се прифати либерализацијата на абортусот како што предложи владата на Туск.

Неговата либерална група се залагаше за укинување на кривичните санкции за луѓето кои ќе им помогнат на жените да абортираат. Според сегашниот закон, сторителот може да добие затворска казна до три години.
Сепак, некои пратеници од пошироката коалиција на Туск, пред се аграрната Народна партија, гласаа против измените, укажувајќи на процепи меѓу владејачкото мнозинство.

Либерализацијата на абортусот беше еден од клучните елементи на програмата на Туск за укинување на различните конзервативни политики кои претходната десничарска влада ги донесе во закон, предизвикувајќи масовни протести кои траеја со месеци.