Поради што свекорот Кеба не ја сака Северина секси сликана?

125

Свекорот Драган Којиќ Кеба не бил задоволен од новите провокативни фотографии на својата снаа Северина. Дури останал и шокиран! Тој смета дека иако се сликите професионални, Северина не требала да оди толку далеку да се покажува во долна секси облека, доста и е со оние голи слики кои некој ги пуштил на социјалните мрежи, па сега уште и ова, коментирал загрижениот свекор Кеба.

Но, за среќа Кеба не се прашува што ќе прави Северина во својот живот и својата професија, туку најчесто се прашува неговиот син Игор, сопругот на Северина.

На Игор фотографиите премногу му се допаѓаат со што и самата Северина е двојно задоволна! Инаку, пејачката ги направила фотографиите според сите светски стандарди, а за потребите на својот најнов албум.   Д.М.