Алфонсо Дејвис моментално важи за еден од најдобрите леви бекови во фудбалскиот свет. Дресот на Баерн (М) го облече ви 2019 година, а пристигна од американската МЛС лига.
За да ги осигураат услиугите на најдобриот фудбалер во дресот на Ванкувер, челниците на баварскиот клуб мораа да го прифатат побараното обештетување од 14 мил. евра, а денеска вреди околу 70 мил. евра. Репрезентативецот на Канада има договор до 2025 година, но се погласни и погласни се шпекулациите дека е можно ова лето да си замине од „Алијанц арена“.
Раководните лица на Баерн (М) се во дилема, дали да го продадат доколу добијат адекватна понуда, а најголем интерес за неговите услуги покажува шпанскиот гигант Реал (М).
На времето, малку фалеше Дејвис да заврши во редовите на Барселона. Во подкастот за Say Less офанзивниот бек откри дека бил контактиран од челниците на каталонскиот гигант и дека во тој момент бил сведок на една многу непријатна ситуација поради тогашниот претседател на Барса, Бартомеу.
- Бев контактиран од Барселона, но тогашниот претседател, Бартомеу, не ме сакаше затоа што сум од Канада. Тоа го објавија медиумите, не знам дали тоа го кажал претседателот, но нема да лажам, некако ми ги скрши чувствата, откри Дејвис.
Сега е јасно како ден дека во Барса се кајат поради таквиот епилог кој е само еден во низата на глупи потези на тогашниот претседател на каталонскиот гигант.
Околку можниот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ зборуваше неговиот агент.
- Имаме уште две години со Баерн (М). Сега бараме време за да видиме како ќе се развиваат работите во следните неколку седмици или месеци затоа што ние не сме донеле конечна одлука. Така да, јас не можам ништо да потврдам или пак да негирам, изјави агентот на репрезентативецот на Канада.
Изминатата сезона Дејвис одигра 38 натпревари за Баерн (М) на кои постигна три погодоци и запиша осум аисистенции.