Најдобрата американска скијачка Микаела Шифрин, привремено се повлекува од настапите во Светскиот куп поради семејна трагедија. Шифрин остана без својот татко Џеф кој ненадејно почина на 65-годишна возраст. Тој беше нејзина голема поддршка, и ги следеше речиси сите нејзини трки во живо.
Американските медиуми објавија дека тој починал поради повреди на главата со кои се здобил од пад додека работел. Трикратната освојувачка на Светскиот куп моментално е во САД, а не даде конкретни информации кога ќе му се врати на скијањето.
Шифрин во генералниот пласман е лидер со 1.225 поени пред Фредерика Брињоне од Италија и Петра Влхова од Словачка.