Илјадници туристи и патници предмалку беа принудени да ја напуштат зграда на аеродромот Лутон во Лондон откако се огласи аларм за пожар, јавува Дејли мејл.

Во објавите постирани на социјалните мрежи може да се види како патниците се обидуваат да поминат низ терминалот откако преку разглас беше објавено дека мора да излезат низ најблискиот достапен излез.

Меѓутоа патниците велат дека се незадоволни од тоа како аеродромските власти е справуваат со ситуацијата бидејќи некои од излезите се затворени, а од други патниците се враќани назад.

Се уште нема информација за причната зошто се огласи противпожарниот аларм.