Поради магла намалена видливост на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија

63

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Петровец – Велес – Гевгелија, соопштуваат утрово од ЈП Македонијапат.

По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.