Американската Национална аеронаутичо-вселенска агенција (НАСА) користи огромна сателитска антена во Канбера, главниот град на Австралија, за да прима сигнали од вселенското летало Војаџер 2, кое изгубило контакт по испраќање на погрешна команда.
НАСА изгуби контакт со својата сонда Војаџер 2 на милијарди километри од Земјата откако и испрати погрешна команда, откри вселенската агенција.
Минатиот месец, леталото – кое го истражува универзумот од 1977 година – ја навали својата антена два степени подалеку од Земјата откако беше направена грешка.
Како резултат на тоа, сондата престана да прима команди или да испраќа податоци.
НАСА соопшти дека се надева дека комуникацијата ќе продолжи кога сондата ќе се ресетира во октомври.
Војаџер 2 е на повеќе од 12,3 милијарди милји (19,9 милијарди километри) од Земјата, вртејќи низ меѓуѕвездениот простор со проценета брзина од 55.346 км/ч.
Почнувајќи од 21 јули, сондата не можеше да прима команди или да испраќа податоци до Deep Space Network на НАСА – низа џиновски радио антени ширум светот – ниту може да прима команди од контролорите на Земјата.
Вселенската агенција во понеделникот соопшти дека нејзината џиновска антена во австралискиот главен град Канбера се обидува да открие какви било залутани сигнали од Војаџер 2. Потребни се повеќе од 18 часа за сигналот да стигне до Земјата од толку голема далечина.
Антената, исто така, континуирано ќе ги испраќа точните команди до областа Војаџер 2 со надеж дека ќе воспостави контакт со сондата, соопшти лабораторијата за млазен погон на НАСА, која управува со мисиите Војаџер.
Инаку, Војаџер 2 е програмиран да се ресетира неколку пати секоја година за да ја држи својата антена насочена кон Земјата. Следното ресетирање е закажано за 15 октомври, а НАСА вели дека „треба да дозволи да продолжат комуникациите“.
Во меѓувреме, НАСА очекува леталото да остане на планираниот пат низ универзумот.
Војаџер 2 е единственото вселенско летало кое некогаш прелетало покрај Нептун и Уран, додека Војаџер 1 сега е на речиси 15 милијарди милји од Земјата, што го прави најоддалеченото вселенско летало.
Секое вселенско летало носи златна плоча со звуци на Земјата, слики и пораки наменети да ја пренесат приказната за нашиот свет на вонземјаните.