Тој е навистина неуморен, за него годините се само бројка. Македонската поп-ѕвезда Ѓоко Ѓорчев е во големи подготовки за својот солистички концерт кој наскоро треба да се одржи во нашата метропола. Концертот ќе биде како подарок со љубов за Скопје и нашата татковина Македонија.
– Ќе биде исполнет со многу мои песни кои во меѓувреме станале евергрини, со кавер преработки, со романтично-носталгични ноти, но и со по некоја стара македонска народна изворна песна која исто така ја пеам, а за која добивам грст комплименти и пред мојата публика во Хрватска, од каде по родбинска линија на мојата мајка, водам потекло. Исто така во преговори сум со една позната музичка ѕвезда која треба да настапи како гостин на тој мојот концерт, но за сега тоа нека биде пријатно изненадување за сите вас, вели расположениот Ѓорчев за весникот ВЕЧЕР, кој деновиве го наоѓаме дома во Неготино.

Таму е секако во ова празнично божиќно-новогодишно расположение со своите најмили. На концертот, пејачот кој поседува моќен глас кој ништо не изгубил од својата убавина, ќе го прати маестралниот бенд на Филип Стевановски…. Инаку, за вашата информација плус, вечерва вечер на Ѓорчев му е Бадник (24.12.), а паричката се паднала кај Господ!!!   Д.М.  (foto:FB)