Платформата за резервации Travelcircus го смести македонскиот зимски туристички центар Попова Шапка меѓу десетте најевтини туристички дестинации за скијање во Европа, пренесува германски „Велт“.
„Ски-празниците не секогаш мора да бидат скапи. Ние ќе ви покажеме каде да се обратите за евтин скијачки одмор во Европа и каде што најмногу може да се добие од соодносот на цена и квалитет. Зимски пејзажи, планинска панорама и километри за трчање под светло сино небо.Скијањето е скапо – но за среќа не насекаде во Европа. Платформата за резервации Travelcircus размислуваше за тоа и ги утврди десетте скијачки центри со најдобри показатели за цена и перформанси“, пишува „Велт“.
За туристичкиот бисер на Шар Планина е пресметано дека за цена од 39 евра дневно може да се плати билет за ски-лифт, да се изнајми опрема и да се престојува во хотел.