Попладне пак ќе истура

107

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.